Скопје попладнево се искачи на високото шесто место во светот по загаденост на воздухот, покажаа податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“, воедно и заедно со Сараево, кој е прв на листата се двата најзагадени градови во Европа.
Со индекс на загаденост од 177 воздухот во Скопје е во категоријата „нездрав“. Прв на листата Сараево во БиХ со индекс од 324, по што следуваат Дака во Бангладеш со индекс од 283, потоа следуваат Шенжин, Ченгду и Вухан во Кина.
Сивило, гаврани, пусти улици…Сараево како од хорор филм – воздухот опасен по здравјето