Скопјани физички се пресметале на концерт во Охрид, две лица се приведени

281

На 01.08.2024 во 23.45 часот, за време на музички концерт на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, приведени се Л.С.(20) и Л.Н.(18), двајцата од Скопје, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Во тепачката се вклучиле и други лица од Скопје.

Против сите учесници во нарушувањето, ќе бидат поднесени соодветни пријави.