Скопјани добија вода – дефектот е саниран побрзо од предвиденото

88

Скопјани добија вода. Дефектот е саниран, замената на 5те затворачи завршена. По само неколку часа без вода, проблемот е решен, дури и побрзо од она што се планираше, задоволна е градоначалничката Арсовска. Екипите на Вододвод од утринава биле на терен, каде ангажирани биле 160 лица и уште 150 административна поддршка.

Со активностите за санација, но и модернизација на главниот градски водовод, се решава деценискиот проблем со слабиот притисок на одредени локации, како и честото пукање цевки, кои билдаа оргомни загуби на вода, вели Арсовска.

Сега паѓаат во вода и обвинувањата на одредени политичките партии дека со денови ќе го остави главниот град без вода, додава градоначалничката.

За санирање на дефектот неопходно беше да се затвори главната водоводна цевка, со што најголем број општини неколку часа останаа без вода. Водоснабдувањето не беше прекинато во Чаир, Бутел, Радишани, Визбегово, Бардовци, Железара и Автокоманда, поради восоката зона.