Шеесет и петгодишен маж од скопско, вчера пријавил дека во периодот од мај 2024 до септември 2024 година бил измамен од лицето Ф.Н за сума од 23.000 евра.
Според пријавеното, тој му ги дал парите во неколку наврати за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното.
Се преземат мерки за расчистување на случајот.