Скопјанец нападнал и ограбил продавачка, па се вратил гол да “плати“

261

Триесет и двегодишниот Д.Р. од Скопје, заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „полово вознемирување“.

На 19.07.2024 во продажен објект во Драчево во Скопје, пријавениот физички ја нападнал вработената и одзел производи, по што го напуштил местото.

Набргу се вратил без облека и ја повикал за да ги плати производите.

Веднаш по настанот тој бил фатен и лишен од слобода.