Складот за гориво бил празен и не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката, потврди Тошковски

65

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката во Кочани имало резервоар за нафта, но дека тој бил празен и дека според првичните информации не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката.

– Според информациите што ги добив точно е дека постоела бензинска пумпа и одреден резервоар во земја којшто по првичните информации бил празен и не бил во допир со настанатиот пожар. Сопственичката структура не е поврзана меѓу себе, ниту пак е поврзан сопственикот на бензинската пумпа со менаџерската структура која се појавува како организатор во дискотеката, изјави Тошковски попладнево на прес-конференција.

ИЗДВОЕНИ