Полскиот ски-скокач Андржеј Стекала ја шокираше целата јавност со признанието дека е геј. Освојувачот на бронзен медал оваа информација ја сподели на својот инстаграм-профил, а за жал причината е трагична.

Имено, тој во ноември минатата година го загуби својот партнер кој почина, а по два месеца проговори за сè.

  • Долго време се прашував дали некогаш ќе најдам сила да ги напишам овие зборови. Со години живеев во сенката на стравот, криејќи се, плашејќи се дека тоа што навистина сум ќе ме уништи. Ова што ќе го напишам сега е најтешката работа во мојот живот. Со години живеев криејќи се, плашејќи се дека она што сум може да уништи сè за што сум работел толку напорно. Денес, сепак, повеќе не сакам да бегам од вистината. Сакам навистина да ме запознаете. Јас сум хомосексуалец. Со години го криев тоа од светот – од вас, од медиумите, а понекогаш и од себе. Во 2016 година запознав личност која ми го промени животот. Тој беше мојата карпа, мојата поддршка, мојата најголема поддршка. Заедно споделувавме живот, страсти, радости и тешки моменти. Тој ми беше сè – мојот дом, моето срце. Се сакавме во тишина, криејќи ја нашата љубов од светот за да го заштитиме она што ни беше најважно. Го изгубив минатиот ноември. Не можам да ја опишам болката што ме обзеде. Светот што го градевме заедно се распадна на парчиња. Секој ден без него е борба, но истовремено и потсетување колку бескрајно сакав и колку бев сакан. Денес, започнувам ново поглавје. Не сакам повеќе да кријам кој сум. Јас сум јас – човек кој сакаше и се уште сака. И знам дека тој би сакал да продолжам да живеам во хармонија со себе. Ве молам за разбирање и почит. Мојата приказна е приказна за љубовта која заслужува светлина, а не сенка. Им благодарам на оние кои беа со мене сите овие години, особено на моето семејство и пријателите. Благодарение на вас, најдов храброст да се отворам. Ќе го носам неговото име во срцето до крајот на моите денови. На сите ви посакувам љубов и храброст во наредната година, се вели во неговата објава што ја постираше на почетокот на оваа 2025 година.

ИЗДВОЕНИ