Скара на отворено за 1 мај? Еве какво време не очекува

53

За 1-ви мај можете да планирате дружење и правење скара на отворено, поради тоа што ќе бидеме под влијание на стабилна  и на сува воздушна маса, но ќе биде  и потопло за разлика од сега, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност. Сепак, повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.

И во Скопје  и околината за 1-ви мај ќе имаме стабилно, суво, топло и сончево време, со појава на мала до умерена облачност. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. И во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 25/26 степени.

ИЗДВОЕНИ