Тренерот на Њујорк Џетс, Роберт Салех, пред неколку дена доби отказ од таа позиција, а голема прашина се крена поради можноста да биде отпуштен поради носењето на либанското знаме на еден натпревар.
Советот за американско-исламски односи (CAIR) побара објаснување од Њујорк Џетс по ненадејната одлука да го отпушти тренерот Роберт Салех, кој наводно бил изнесен од просториите на клубот со обезбедување.
Салех, првиот муслимански тренер во историјата на НФЛ и со либанско потекло, беше отпуштен само неколку дена откако носеше значка со либанско знаме за време на натпреварот со Минесота Викингс, кој се одигра во Лондон. Одлуката на Салех да го носи либанското знаме дојде во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, каде што израелските напади беа насочени кон Либан и Газа.