Скандалозен потег на Маск за време на обраќањето: Нацистички поздрав како благодарност!?/ВИДЕО

435

Сопственикот на Tesla и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, направи необичен гест за време на неговиот денешен говор во арената Capital One, за кој некои мислеа дека е нацистички поздрав…

Имено, Маск во еден момент се удри во градите и ја крена десната рака нагоре во страна, додека им се заблагодаруваше на поддржувачите на Доналд Трамп што го вратиле во Белата куќа.

Овој скандалозен потег одредени корисници на социјалните мрежи го поврзаа со најголемото зло на 20 век – нацистите и нивниот поздрав.

Маск имаше кратко обраќање до поддржувачите на Трамп во арената, каде што вети дека својот „оддел за владина ефикасност“ ќе го однесе на Марс“.

„Некои избори се, знаете, важни. Некои не се, но овие се навистина важни“, рече Маск.

„Ова е чувството на победа. Ова беше навистина важно. Благодарение на вас, иднината на цивилизацијата е обезбедена“, рече Маск.

Во еден момент тој се пресели на друг дел од подиумот имитирајќи ставање столб од знаме во земја.

„Можете ли да замислите колку ќе биде прекрасно американските астронаути за првпат да стават знаме на друга планета?“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ