Скандал во Ватикан: Кардинал се повлече од конклавата, откриено е дека е осуден на затворска казна

1382

Италијанскиот кардинал Џовани Анџело Бечу, кој ги загуби своите кардинални права откако беше осуден за проневера, се повлече од учество на конклавата на која ќе се избира новиот папа. Информацијата беше објавена во италијанскиот печат во понеделникот. Свештеникот предизвика контроверзии минатата недела кога изврши притисок врз Ватикан да го прими на гласање.

Бечу се откажа од своите кардинални права во 2020 година, откако беше цел на истрага за неправилности при купување на луксузен имот во Лондон. Ватикан тогаш објави дека папата Франциск ја прифатил неговата оставка.

Според истрагите, во 2014 година Ватикан потрошил повеќе од 200 милиони долари за купување имот. Како што јавува Би-Би-Си, дел од потрошените пари требало да одат во хуманитарни цели.

Договорот го потпишал Бечу, кој во тоа време бил шеф на кабинетот на папата. Освен тоа, се вели дека овој религиозен човек пренасочил средства во епархијата на неговиот роден град, во Сардинија, во корист на членовите на неговото семејство.

Во декември 2023 година, Бечу беше осуден на пет години и шест месеци затвор, со трајно лишување од вршење јавна функција, за проневера и злоупотреба на службената положба. Одлуката ја донесе судот во Ватикан. Свештеникот се жалел на одлуката и останал на слобода.

Ден по смртта на папата, Бечу објави дека отпатувал во Рим за да учествува на конклавата. Тој тврдеше дека папата гарантирал дека неговите права како кардинал се доживотни.

Кардиналот Пјетро Паролин, долгогодишниот секретар на Франциск, му предал на Бечу два документи потпишани од аргентинскиот понтиф со кои се потврдува дека тој не може да учествува на конклавата. Првото писмо е од 2023 година, а второто е од минатиот месец, пишува весникот Домани.

ИЗДВОЕНИ