Скандал во САД: Протекоа воени планови, случајно додаден новинар во безбедносна апликација за пораки

1540

Високите функционери за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и секретарот за одбрана, испратија текст со воени планови за претстојните воени напади врз Јемен во групен разговор преку безбедна апликација за пораки, во која беше вклучен и главниот уредник на списанието Атлантик, објави вчера магазинот во напис на интернет.

Советот за национална безбедност соопшти дека објавената комуникација „се чини дека е автентична“.

Податоците во пораката испратена до групата содржеа оперативни детали за претстојните напади врз бунтовниците Хути поддржани од Иран во Јемен, вклучително и информации за цели, оружјето што САД ќе го користат и редоследот на нападите, рече Џефри Голдберг, главен уредник на Атлантик.

Не е веднаш јасно дали овие конкретни детали од воената операција биле означени како доверливи, но тие често се и во најмала рака се чуваат безбедни за да се заштити воениот персонал и оперативната безбедност, пишува АП.

САД вршат воздушни напади против Хутите откако милитантната група почна да цели на комерцијални и воени бродови во Црвеното Море во ноември 2023 година.

ИЗДВОЕНИ