Полските безбедносни служби пронајдоа и демонтираа уреди за прислушување во просторијата каде што денеска треба да се состане министерскиот совет, изјави портпаролот на координаторот на специјалните служби.
Полска, во центарот на западните воени и логистички напори да и помогне на Украина додека Киев се бори против руската инвазија, е во состојба на висока готовност за какви било знаци на шпионска активност.
„Службата за државна заштита, во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност, откри и демонтираше уреди што може да се користат за прислушување во просторијата каде што денеска треба да се одржи состанокот на Советот на министри во Катовице“, напиша Јацек Добржински на социјалната мрежа X.