Познати италијански винарии купуваат евтино наливно вино од цела Италија, а потоа го продаваат како вино со познати етикети и заштитена ознака на потекло, објави италијанскиот ТВ канал Раи3.
Овој ТВ канал емитуваше истражувачка серија во три епизоди во која се тврди дека познатите тоскански винарии ги фалсификуваат сопствените вина, пренесува „Вино&фино“.
Како што е наведено, разговорите со учесниците во овој потфат, заедно со собраната документација, сугерираат дека некои големи винарии од Тоскана купуваат наливни вина од различни италијански вински региони како Венето, Абруцо и Сицилија и ги продаваат како тоскански вина чија цена е и до неколку стотици пати повисока.
Компанијата „Ведовато“ од Венето, според новинарите, купила наливно вино еквивалентно на 40.000 шишиња од винаријата „Марио Вежони и Ко“ од Венето, а потоа го продала на тосканската куќа Марио Борги.
Следниот купувач во синџирот, како што се наведува, била земјоделската компанија Ornellaia e Mašeto, легендарна куќа во сопственост на семејството Фрескобалди, која ги произведува некои од нејзините најпознати вина.
Вината означени како фалсификат, новинарите им ги дале на вкус на искусни сомелиери, заедно со оригиналите, а по дегустацијата добиле одговор дека има суптилни разлики меѓу вистинското и фалсификуваното вина што обичните купувачи не би можеле да ги забележат.
Извештајот наведе и голем број други примери кои покажуваат до кој степен оваа практика се проширила во Тоскана.