Финскиот јавен радиодифузен сервис Yle пронајде остатоци од дрога во три различни тоалети во финскиот парламент, и машки и женски. Врз основа на резултатите од проверката на тоалетите за време на традиционалната годишна божиќна забава, пронајдени се траги од амфетамин, екстази или МДМА и кокаин.
Покрај пратениците, гости беа вработени во пратеничките групи, помошници министри и новинари, меѓу кои и новинари на Yle. Како што одминуваше вечерта, новинарите на Yle собираа примероци од можни остатоци од дрога од собраниските тоалети. Кале Лагерблом, оперативен директор на лабораторијата Мезурлабс, кој ги анализираше резултатите, процени дека количината на остаците е мала.
„Резултатите може да се сметаат за сосема безбедни. Остатоците се навистина мали, но очигледно има остатоци“, посочи тој.
Остатоци од дрога биле пронајдени само во тоалетите на катот каде се одржувала божиќната веселба, додека во двата тоалета на третиот кат немало.
Со оглед на тоа што употребата на дрога е се почеста појава во Финска, јавниот сервис сакаше да открие дали трагите од употреба на дрога во Финска стигнуваат до просториите на парламентот, односно каде пратениците ги донесуваат законите за дроги.
Според анкетите во Финска, се повеќе луѓе пробале барем дрога.
Процентот на луѓе кои пробале и користеле дроги континуирано се зголемува од 1990-тите до 2020-тите, според извештаите од Националниот институт за здравје и благосостојба (THL).
Околу милион луѓе во Финска пробале канабис, додека рекорден број луѓе починале од дрога во 2023 година, вкупно 310 лица, пренесува Танјуг.