Скандал во болница во Букурешт: Падна таванот врз пациент во операциона сала за време на хируршка интервенција

189

Вистинска драма се одвивала утрото на 11 април во операционата сала на Институтот Мариус Наста во Букурешт, кога при сложена хируршка интервенција, торакотомија, дел од спуштениот таван се урнал директно над операционата маса!

Во моментот на инцидентот пациентот веќе бил отворен, а хирурзите вршеле процедура на градниот кош. Спуштениот таван делумно се откачил и предизвикал прав и честички да паднат директно над пациентот, предизвикувајќи паника кај присутниот медицински персонал.

Пред падот, вработените пријавиле дека слушаат чудни звуци од таванот – „како некој да оди по него, како стаорец или мачка“, велат лекарите.

Персоналот на Институтот претходно предупредил за лошата состојба на спуштениот плафон, наведувајќи дека тоа претставува сериозен ризик и за пациентите и за хируршкиот тим. По инцидентот, лекарите немаа друг избор освен итно да го преместат пациентот среде операција и да се обидат да ја обезбедат просторијата.

Во официјалниот извештај до Заводот за јавно здравје, вработените бараат итни мерки – од дезинфекција на просторот над таванот до целосна техничка контрола и херметичко запечатување за да се спречат идни несреќи. Конкретно се наведува дека и претходно имало протекување во салата, но очигледно не се точни тврдењата на тогашното раководство дека проблемот е „решен“.

Заводот за јавно здравје во Букурешт испрати инспекција, а контролите се во тек.

ИЗДВОЕНИ