Скандал на Греми наградите: Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Сенсори исфрлени поради несоодветна облека

1794

Раперот и моден дизајнер Канје Вест и австралиската манекенка Бјанка Сенсори беа отстранети од полицијата од овогодинешното доделување на Греми наградите во Лос Анџелес. Инцидентот доаѓа откако Сенсори се појавила во несоодветна облека – целосно проѕирен краток фустан од тул, под кој не носела долна облека, изјавил неименуван извор за порталот Page Six.

Сенсори носеше црна бунда која ја соблече веднаш штом се најде пред камерите.

Двојката потоа беше снимена како влегува во сребрен автомобил. Друг извор, пак, рекол дека парот по своја волја ја напуштил салата.

Вест беше номиниран за најдобра рап песна, но таа награда му припадна на Кендрик Ламар за неговата песна „Not Like Us“, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ