Американската компанија за играчки „Мател“ се извини откако амбалажата со кукли од анимираниот филм „Wicked“ по грешка била испечатена со адресата на веб-страницата на една порно-страница, велејќи дека презема итни мерки тоа да се изправи.
Куклите се пуштени во продажба пред премиерата на филмот „Wicked“, објави Гардијан. Погрешна веб страница е испечатена на кутиите за куклите Глинда и Елфаб, главните ликови во филмот.
„Mattel е свесен за грешка при печатење на пакувањето на куклите од колекцијата Mattel Wicked, првенствено продадени во Америка“, велат од компанијата.
Куклите се „во моментов недостапни“ на американската веб-страница на Amazon. Анимираниот филм „Wicked“ е адаптација на исклучително успешниот сценски мјузикл и ќе се емитува ширум светот кон крајот на овој месец, пренесува Танјуг.