Голем скандал се случи во Шпанија, а во центарот на внимението се најде голманката на хокеарската екипа од Џирона. Имено, голманката на тимот Сан Џорди Десвалес од Џирона е уапсена поради тежок прекршок, откако е откриено дека тајно ги снимала своите соиграчки додека се туширале.

Дополнителна тежина на овој случај му дава и тоа што наводно дел од девојките од видеата биле малолетни.

Имено, во декември хокеарките го пријавиле проблемот во клубот, кој реагирал и ја известил полицијата за целиот случај.

Девојките наводно истакнале дека почнале се почесто да забележуваат дека голманката го врти телефонот кон нив додека тие се туширале или се пресоблекувале, што предизвикало оправдан сомнеж.

После тоа, 33-годишната голманка негирала дека направила нешто незаконско, но полицијата решила да го преземе случајот.

Една полицајка тајно била испратена во соблекувалната каде практично ја фатила голманката на дело, што било јасен знак и причина за апсењето. Утврдено е дека во телефонот имало повеќе снимки од девојките од соблекувалната.

Во оваа прилика клубот излезе со соопштение, во кое го оцени инцидентот како неприфатлив, а однесувањето на голманката беше остро осудено. Се додава дека сега ќе следи соработка со полицијата и обвинителството, така што целиот случај ќе биде истражен до крај. За целиот случај пишуваше и шпанска „Марка“.

ИЗДВОЕНИ