Долго време се зборува за состојбата на Михаел Шимахер, многу често се појавуваат нови информации за него, а јавноста е особено заинтересирана за судскиот процес. И сега, се појавија нови вести во врска со здравјето на еден од најдобрите возачи на Формула 1. Според новинарот на „RTL“, Феликс Гернер, „може да го посети само најблискиот круг на пријатели, но тој не може вербално да се изрази“.

Новинарот на RTL со години ја следи кариерата на трофејниот возач и е можеби еден од најповиканите да зборува за случајот Шумахер.

  • Ситуацијата е многу тажна. Тој е личност на која му треба постојана грижа, тој е целосно зависен од оние кои се грижат за него. Не може вербално да се изрази, се вели во текстот.
  • Дозволено е да му пријдат најмногу 20 луѓе и тоа е вистинскиот пристап според мене. Семејството работи во негови најдобри интереси. Тој отсекогаш бил заштитнички настроен кон својот приватен живот и тоа нема да се промени, заклучува германскиот новинар.

Инаку, Шумахер доживеа сериозен пад на скијање кон крајот на 2013 година. Тој претрпе тешки повреди на мозокот и оттогаш е под грижа на семејството, со строга приватност што ја бараат неговите најблиски.

 

ИЗДВОЕНИ