Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД. Пекинг сега ќе го оданочува американскиот увоз со стапка од 84 отсто, што претставува зголемување од 50 отсто во однос на претходните царини на Кина.
Одлуката доаѓа откако Америка воведе дополнителни 50 отсто царини за кинески стоки претходно оваа недела. Ова уследи по две претходни мерки, од 34 проценти и 20 проценти, така што вкупната американска царина за кинескиот извоз од утринава изнесува 104 проценти.
Кина претходно ја извести Светската трговска организација (СТО) дека одлуката на САД се заканува дополнително да ја дестабилизира глобалната трговија.
„Ситуацијата опасно ескалира. Како една од погодените членки, Кина изразува длабока загриженост и решително противење на овој неодговорен потег“, се вели во соопштението на кинеските власти.