Ноа Лин ван Левен е 28-годишна Холанѓанка што игра пикадо. Минатиот викенд, таа успеа да се квалификува за финалето на Светското првенство во ПДЦ, правејќи го тоа на сензационален начин.

Во квалификациското финале, Ван Левен ја победи најдобрата во светот, Беа Гривас. На тој меч, таа победи убедливо со 5:3 и просек од 109,64. Сепак, не беа сите воодушевени од нејзиниот триумф, бидејќи порано беше маж, а сега се натпреварува како трансродова личност во женска конкуренција.

ПДЦ објави дека ќе ги санкционира сите натпреварувачки што ќе одбијат да се натпреваруваат со трансродови лица. Дета Хедман е на таа листа, бидејќи веќе двапати го направи тоа.

Светското првенство ќе се одржи од 15 декември до 3 јануари, во Лондон и ова ќе биде прв пат да се натпреварува трансродово лице.

Ван Левен го промени полот во 2021 година и почна да се натпреварува против жени една година подоцна.