„Сите возиме, но некои знаат“ пред салата Расадник

144

„Бајкерс Гараж Македонија“ и Општина Кисела Вода  денеска со почеток во 11 часот пред салата Расадник ќе организираат едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.

На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мошпед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.

Низ дружење  со претставници и членови од мото клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за бебзбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства.