Прво основно училиште каде што ќе бидат поставени фотоволтаици е „Партенија Зографски“, а почетокот на реализацијата на овој проект денеска го означија министерката за образование, Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.-Со поставувањето на фотоволтаични системи во училиштата правиме огромен чекор кон заштеда на енергија, кон намалување на финансиските трошоци и зачувување на животната средина. Училиштата стануваат енергетски понезависни, што значи дека значителен дел од средствата кои досега се трошеа за електрична енергија ќе можат да се пренасочат во подобрување на наставните услови и образовниот процес-изјави Ѓорѓиевски.
Јаневска нагласи дека унапредувањето на енергетската ефикасност на училишните објекти треба да биде заеднички приоритет на централната и на локалните власти и дека тоа е важно бидејќи значи придонес кон заштита на животната средина што е глобален предизвик во чие надминување треба да учествуваме сите
Сите основни училишта на територијата на општина Кисела Вода ќе добијат фотоволтаици. Прво во кое ќе се постават е училиштето „Партенија Зографски“.
Почетокот на реализацијата на овој проект, вреден над 11 милиони денари во ова училиште денеска го означија министерката за образование, Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој се изведува преку Владата на Република Македонија, со финансиско партнерство на Општина Кисела Вода, Бирото за регионален развој, како и со Општина Карпош, а партнер и имплементатор е Центарот за развој на Скопски плански регион, преку Програмата за развој на планските региони.
Покрај сите училишта во Кисела Вода, on-grid фотонапонски систем добива и подрачното основното училиште во општина Зелениково, „Марко Цепенков“, како и двете основни училишта во општина Карпош „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“.
-Станува збор за еден многу значаен проект за унапредување на енергетската ефикасност и одржлив развој во образовните институции. До средината на мај, поставуваме фотоволтаични системи во сите основни училишта во Кисела Вода. Со поставувањето на фотоволтаични системи во училиштата, и тоа, конкретно, на секое училиште ќе се постави он-грид фотонапонски систем до 20 КW, правиме огромен чекор кон заштеда на енергија, кон намалување на финансиските трошоци и зачувување на животната средина. Преку користење на обновливи извори на енергија, училиштата стануваат енергетски понезависни, што значи дека значителен дел од средствата кои досега се трошеа за електрична енергија ќе можат да се пренасочат во подобрување на наставните услови и образовниот процес – изјави Ѓорѓиевски.
Министерката Јаневска нагласи дека унапредувањето на енергетската ефикасност на училишните објекти треба да биде заеднички приоритет на централната и на локалните власти и дека тоа е важно бидејќи значи придонес кон заштита на животната средина што е глобален предизвик во чие надминување треба да учествуваме сите.
-Ова не е единствена инвестиција на Владата во подобрување на енергетската ефикасност во образованието. Министерството за образование и наука потпиша договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банката за развој на Советот на Европа, со кој, во педесетина училишта во Македонија ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи – рече Јаневска.
Таа информираше дека училиштата се веќе мапирани и обезбедена е потребната документација, како и согласности од ЕВН за поставување на системите со кои, како што рече, училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија.
(А.П.)