Најдобрата тенисерка на сите времиња Американката Серена Вилијамс (43) се повлече од професионалниот спорт пред две години и во последно време ретко ја гледаме во јавноста, но многу е активна на друштвената мрежа Инстаграм. Она што обожавателите го забележаа во последно време е дека изгледа сосема поинаку од она на што сме навикнати – и не се работи за никакви филтри!

Не е тајна дека Серена Вилијамс знаела дека има проблеми со вишокот килограми, често зборувала на оваа тема, а сега на Инстаграм споделила фотографии од својата витка линија и веднаш започнала дискусија. Некои мислат дека таа, како и многу познати личности, користела Оземпик, лек за дијабетес кој неодамна стана популарен во борбата против килограмите, но од неа нема да слушнеме ништо на оваа тема. Секако, најважно е таа да е насмеана и среќна.

„Зошто сите се толку слаби одеднаш?“, „Изгледа одлично, прво сите се жалевте колку е голема и дека има многу мускули, сега кога е слаба не ви се допаѓа и се жалите“, „Ајде луѓе, живејте си го животот…“, „Серена ли е? Нема шанси да е таа…“, „Ова мора да е Оземпик…“, се само дел од коментарите на Инстаграм.

Серена Вилијамс има освоено 23 грен слем титули во сингл, додека има уште 16 во двојки, а има и четири златни медали од Олимписките игри.

Серена (43) е тениска легенда која се повлече од професионалниот тенис во 2022 година, а сега споделува фотографии од нејзината затегната и витка линија на социјалните мрежи, што предизвика лавина од коментари. Мислењата се поделени – некои се воодушевени од нејзината трансформација, додека други се занимаваат со приказни за познатиот лек за слабеење.

Серена сподели фотографија на која е во приватен авион, облечена во црна маица на кој се гледаат нејзините затегнати раце. Мајката на две деца изгледаше блескаво и самоуверено, што предизвика бран воодушевување кај обожавателите.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ