Бразилскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Антони, вториот дел од актуелната сезона го одработува како позајмен фудбалер во дресот на Бетис, а челниците на шпанскиот клуб веќе потврдија дека ќе се обидат да го откупат неговиот договор. Крилниот напаѓач одигра одлично на првите два натпревара и веднаш ги придоби симпатиите на раководните лица на „зелено-белите“.