Сите помислија дека Македонецот пие пиво за време на дуелот против Истра, но…

200

Поранешниот репрезентативец на Македонија и еден од капитените на најтрофејниот хрватски клуб, Динамо (З), Стефан Ристовски, се најде во центарот на вниманието поради потегот кој го направи на мечот со Истра. Фотографијата стана вирална на социјалните мрежи, веднаш следеа критики, но…

Сите што го видоа играчот на Динамо (З) како пие од пластична чаша на полувремето од мечот со Истра, се запрашаа истото.

Дали тоа всушност конзумира пиво Стефан Ристовски? Многу фанови го помислија токму тоа како и одредени корисници на социјалната мрежа Х.

Така некои корисници од Турција и Шпанија споделија фотографија со опис на Стефан Ристовски како пие пиво за време на загревањето.

Да го направеше тоа, автоматски ќе добиеше отказ и тешко дека Македонецот некогаш повторно ќе го облечеше дресот на „сините“.

Меѓутоа, вистината е сосема поинаква. Искусниот десен бек не конзумирал пиво туку чај. Тој ја искористи приликата да го стопли телото со топол пијалок затоа што дуелот на „Максимир“ се играше во вечерен термин.

 

ИЗДВОЕНИ