Сите локални патишта во Македонска Каменица се проодни

22

По вчерашните и завчерашните врнежи од снег, екипи ангажирани од Општина Македонска Каменица и екипите на Јавното претпријатие „Камена Река“ се на терен и успешно ги вршат активностите за расчистување на снежните наноси. Сите локални патишта, вклучително и оние што водат до најоддалечените и највисоките населени места во општината, се проодни и расчистени.

– Екипите, од раните утрински часови се на терен во Караџевско маало во село Косевица, Капетанско маало во село Саса и повеќе од повисоките населени места во село Цера, каде со максимална ангажираност вложуваат напори за обезбедување на безбеден и непречен сообраќај. Со постојана присутност на екипите на терен, ќе овозможиме брзо и ефикасно расчистување на сите локални патишта во услови на интензивни врнежи и ниски температури во текот на целиот зимски период – информира градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атансовски.

Атансовски апелира до граѓаните за внимателност при движењето, особено на одредени делови каде што е можно присуство на мраз.

За секоја информација или потреба од дополнителна интервенција, граѓаните можат да се обратат во Општина Македонска Каменица или да се јават на отворената телефонска линија: 070 298 144, во општината.