Сириските опозициски борци ја зазедоа воената база во јужната сириска провинција Дара

166

Сириски локални борци и поранешни бунтовници зазедоа една од главните воени бази „Лива 52“ во јужната сириска провинција Дара, во близина на градот Херак, изјавија два бунтовнички извори за Ројтерс.

Изворите рекоа дека сириските опозициски борци зазеле и делови од граничниот премин Насиб меѓу Сирија и Јордан во близина на царинскиот дел каде што биле блокирани десетици камиони и патнички автомобили.

Либан и Јордан претходно денеска објавија дека ги затвораат копнените гранични премини со Сирија, освен главниот премин кој го поврзува либанскиот главен град Бејрут со сирискиот главен град Дамаск, откако во земјата се интензивираа судирите меѓу сириската армија и бунтовниците.

Сириските бунтовнички групи, предводени од организацијата Хајат Тахрир ал-Шам, влегоа во два града во централна Сирија, Растан и Талбисех и се приближија на пет километри од третиот по големина сириски град Хомс.

Напредокот дојде откако бунтовниците го зазедоа градот Хама, додека сириската армија ги повлече војниците за да избегне борби и да ги заштити цивилите, пренесе АП.

Бунтовниците најавија напад на Хомс и Дамаск, а веќе го освоија Алеп на север и Хама во централниот дел на земјата.

ИЗДВОЕНИ