Сирија: Бунтовниците тврдат дека започнале со опсада на Дамаск, армијата негира дека се повлекува

270
Фото: EPA-EFE/MOHAMMED AL RIFAI

Сириските бунтовници се обидуваат да го опколат главниот град Дамаск, изјави портпаролот на бунтовниците Хасан Абдулгани.

Портпаролот на бунтовничката коалиција предводена од групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) на Телеграм напиша дека „последната фаза“ од нивната операција за „опсада“ на Дамаск е започната.

Сириската армија негираше дека нејзините сили се повлекуваат од регионот на Дамаск, нарекувајќи ги извештаите за нивно повлекување „лажна медиумска кампања на вооружени терористички организации чија цел е ширење паника и страв меѓу цивилите во селата околу Дамаск“.

ИЗДВОЕНИ