Синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор утре повторно ќе престојува во Белград, вторпат во последните два месеци, пренесува Блиц.
За време на посетата на српската престолнина, Трамп Јуниор ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, а предвидена е и заедничка вечера.
Попладне ќе учествува на бизнис форум во организација на Стопанската комора на Србија и Клубот на стопанственици. Според извор на „Блиц“, Трамп Јуниор по тој повод ќе им се обрати на присутните.
Доналд Трамп Јуниор и Александар Вучиќ веќе се сретнаа кон средината на март оваа година.