Ерик Трамп, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју ја потврди планираната изградба на луксизен хотел во Белград и во таа пригода истакна дека Србија е една од земјите со најголем раст во Европа и дека е голема чест брендот Трамп да биде присутен во оваа држава.
Договорот со Србија доаѓа во момент кога земајта бара поддршка од Соединетите американски држави за приклучување во Европската унија, објави „Њујорк тајмс“.
Како што е наведено, повеќе од деценија Доналд Трамп првпат ја изесе идејата за разој на хотелите „Трамп“ на локација во сопственост на Владата на Србија, и неговото семејство сега близу до остварување на тој сон во сложен договор во кој, исто така, е вклучен и магнат за недвижности од Абу Даби и Џерард Кушмер, зетот на Доналд Трамп.
Кушнер воспостави партнерство со Мохамед Алабар, градител на хотелот Бурж Калифа во Дубаи, најголемата градба во светот.
Планот е новиот хотел да биде изграден на локација во Белград со закуп на имот од Владата на Србија која, според нацрт договорот, ќе учествува во добивката.
Србија во мај го одобри планот просторот на поранешното Министерство за одбрана да го даде под закуп на компанија поврзана со Кушнер за изградба на хотел со 175 соби, малопродажен простор и над 1.500 станбени единици и три одвоени кули.