Синот на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан, Маркус Џордан (34), е уапсен во Калифорнија под обвинение дека возел под дејство на алкохол, поседувал кокаин и дал отпор при апсењето.

Според ТЗМ, Маркус Џордан удрил со своето „ламборгини“ во неколку конструкции под вагоните, при ноќно излегување. Во полицискиот извештај пишува дека сè се случило во вторникот во 1:14 часот.

Според официјалните документи, полицијата забележала светло од автомобилот на Џордан во моментот додека бил на шините. Кога се обиделе да му пријдат, виделе дека му се оштетени браниците и дека има еден куп камења под возилото. Потоа се обидел да побегне, дал отпор кон полицајците, но не успеал.

Според полициските службеници, тој бил мртов пијан. Наводно, ѝ рекол на полицијата дека погрешно го завртел воланот и дека му треба помош за да се тргне возилото од шините.

  • Тој цело време зборуваше, а очите му беа црвени. Потоа му рекоа да излезе од возилото и иако на почетокот не сакаше да соработува, на крајот успеаја да го извлечат од автомобилот. Потоа им призна дека бил во ноќен клуб и дека консумирал алкохол и при претресот кај него, беше откриена бела материја за која е утврдено дека е кокаин – се вели во полицискиот извештај.

Американските медиуми пишуваат:

  • Кога се обиделе да го стават во полициско возило, тој се спротивставил. Кога, конечно, го качиле во возилото, го однеле во локалниот затвор и тој цело време пеел.

За сè што направи откако беше фатен на дело, Џордан е обвинет по три точки: уништување јавен имот, поседување кокаин и попречување полицаец. Затоа сè уште е зад решетки и чека рочиште, по што ќе му биде одредена кауција, со што повторно ќе биде на слобода.

Маркус Џордан беше талентиран кошаркар, некогаш беше рангиран меѓу 60. најдобри средношколски бекови во земјата. Потоа замина на колеџ во Орландо, но не сакаше да „брка“ кариера, туку реши да се занимава со бизнис. Сепак, стана најпопуларен поради бурната врска со Ларса Пипен (50), поранешната сопруга на Скоти Пипен, најпознатиот соиграч на Мајкл Џордан.

ИЗДВОЕНИ