EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Италијанскиот тенисер Јаник Синер набргу по веста за неговото повлекување од турнирот во Мадрид ги објасни причините зад таа одлука. Како што се претпоставуваше, се работи за повреда, поточно на десниот колк, за која Синер не сакаше повеќе да ризикува.

  • Многу ми е жал што морав да се повлечам пред следниот натпревар во Мадрид. Мојот колк ме мачеше последните недели и постепено стануваше се поболно. Го следев советот на лекарот и решивме да не играм повеќе, за да не ја направиме ситуацијата уште полоша, напиша Синер на мрежата „Икс“.