Најдобриот тенисер во светот Италијанецот Јаник Синер и бранител на титулата на Австралија опен, со победата над Холгер Рун со 6:3, 3:6, 6:3, 6:2 се пласираше во четвртфиналето на првиот грен слем турнир во годината.

Сепак, тој стигна до победата по драма и бизарен прекин на мечот. Во третиот сет, силната жештина во Мелбурн, толку многу го погоди што не можеше да стане од столчето, се тресеше и побара лекарска помош. Лекарскиот тим го однел во соблекувалната. Тој помина извесно време таму, а Улисес Бадио, поранешен член на тимот на Новак Ѓоковиќ, го спаси мешајќи му напиток на теренот и преку стјуардот му го испратил на Синер.

Откако го испил напиотоко испратен од својот сонародник, Италијанецот се созеде и се врати на теренот. Сепак, на почетокот на четвртиот сет тој беше причината за нов прекин, овој пат од бизарна причина. При сервирањето, Синер со топката ја погоди мрежата, која иако цврсто беше прицврстена за земја, едноставно се скрши. Затоа мораше да се смени мрежата, за што беа потребни 20 минути.

ИЗДВОЕНИ