Јаник Синер постигна договор со Светската антидопинг агенција (ВАДА). Наместо рочиште пред Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, каде што можеше да добие тениска забрана на една или две години, тој ќе биде суспендиран на само три месеци. Таа одлука создаде хаос во тенискиот свет и нема наскоро да се смират страстите бидејќи е фатен во нова измама.
Сега, сите се прашуваат кој е виновен, дали Синер или ВАДА, па останува да се утврди. Имено, се појавија некои нови информации во британскиот Би-би-си. Како што открива медиумот, бил постигнат договор меѓу Синер и ВАДА, според кој место да му истекува од 14 февруари, суспензијата почнала да тече од 9 февруари. Сето тоа било направено за да добие право за настап пред својата публика, на мастерсот во Рим, кој започнува на 5 мај.
Тешко дека е само случајност сето ова и дека дошло до ненадејна грешка, особено ако се земе предвид дека претседателот на АТП, Андреа Гауденци, е Италијанец и дека целиот овој случај е прилично контроверзен. Пред сè, поради начинот на кој беше спроведен целиот процес, што доведе до тоа да може да се договори Синер за својата казна, иако два пати падна на допинг-тест бидејќи беше позитивен на „клостебол“.