
Британскиот тенисер Џек Дрејпер вели дека најдобриот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер не ја заслужил омразата поради неговата суспензија. Синер доби тримесечна суспензија поради позитивен допинг тест од минатата година.
Неодамна влезе во последниот месец од суспензијата, што му овозможи да тренира на официјални терени и со активни играчи, меѓу првите беше Дрејпер.
“Кога лутите луѓе ме прашуваат за Јаник, јас ја кажувам вистината – а тоа е дека тој е чесна, добра личност, а исто така е неверојатен играч. Сигурен сум дека, во таа ситуација, тој немал поим за ништо. Но, таков е вашиот живот – понекогаш се случуваат грешки”, вели Дрејпер.
Британецот кој од неодамна е член на Топ 10 тенисери во светот, истакна дека мисли дека Синер е добра личност со големо срце.
-Тој не ја заслужува омразата што ја добива“, додаде тенисерот број 6 во светот и актуелен шампион на Индијан Велс.