epa11738748 Jannik Sinner of Italy in action against Tallon Griekspoor of the Netherlands during their match at the Davis Cup final at Jose Maria Martin Carpena Pavilion, in Malaga, southern Spain, 24 November 2024. EPA-EFE/Jorge Zapata

Светскиот тениски рекет број еден Италијанецот Јаник Синер, зад себе има сезона која ниту Новак Ѓоковиќ не успеа да ја оствари. Синер на феноменален начин ја заврши 2024 година, освојувајки ја својата втора титула во Дејвис купот во низа со селекцијата на Италија.

Тој го освои одлучувачкиот поен победувајќи го Талон Гриксспор со 2:0 во директни сетови, со што стана првиот играч во историјата на тенисот кој го освоил Дејвис купот, најмалку два грен слема и едно АТП финале во истата сезона.

Годината ја заврши со 73 победи и шест порази и е првиот играч од 1993 година кој успеал да ги освои АТП финалето и Дејвис купот во иста сезона.

Покрај АО, САД Опен, Торино и Дејвис купот, тој ги освои и Ротердам, Мајами, Хале, Синсинати и Шангај, а годината ја заврши на првото место со дури 3.915 бодови повеќе од второпласираниот Саша Зверев.

Нотоа не е се, бидејќи 23-годишниот Италијанец стана само вториот играч во историјата на тенисот, а прв по Роже Федерер во 2005 година, кој успеа да ја заврши сезоната без ниту еден пораз во два одиграни сета.

На секој одигран меч во 2024 година освои барем еден сет, а ги имаше 79, што е нешто што никогаш не им успеало ниту на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Синер сезонава ја заврши и на првото место по заработувачк смао од награди на турнирите со 16,9 милиони долари, што е втор најдобар резултат во историјата, откако во 2015 година Ѓоковиќ заработи 21,1 милион. Новак, за волја на вистината, ги заработи тие пари само од АТП- титулите и од грен-слемовите, додека Синер зеде шест милиони долари од егзибициониот турнир во Ријад – Саудиска Арабија.

Во топ пет по заработувачка се: Енди Мареј во 2016 година (16,4 милиони), Рафаел Надал во 2019 година (16,4) и Новак Ѓоковиќ во 2018 и во 2023 година (16 милиони).