Светскиот тениски рекет број еден Италијанецот Јаник Синер, ја одбрани титулата на првиот грен слем турнир Австралија опен откако со 6:3, 7:6, 6:3 во финалето го совлада Германецот Александер Зверев.
Тоа е трета грен слем титула за италијанскиот тенисер во кариерата, сите освоени последната година. За Зверев, пак, ова е трет пораз во финалните натпревари на грен слем турнирите откако лани загуби на „Ролан Гарос“, а во 2020 година на САД Опен.
До финалето, германскиот тенисер стигна со само два загубени сета, но апсолутно немаше шанси против расположениот противник. Во трите сета не освои ниеден брејк, а загуби два гема на свој сервис, доволно за Синер по вторпат да стане освојувач на Австралија опен.
Најблиску до освојување сет Зверев беше во вториот сет кој се решаваше на тај-брејк, но и таму Синер доминираше и го доби со 7:4. Германецот немаше ниедна брејк-топка, додека Синер имаше 10 од кои освои две. На крајот одлучија неизнудените грешки кои Зверев ги имаше 45, 18 помалку од својот противник.
По овој триумф, италијанскиот тенисер останува на првото место на АТП листата со 3.700 бода повеќе од Зверев, но многу поважно, потврди дека ланските резултати не биле случајност, туку дека игра во одлична форма и дека може уште долго да владее со светскиот тенис.
Beautiful moment between Sinner and Zverev after the Australian Open final.
Zverev has lost 3 Grand Slam finals… it’s painful to come that close but fall just short.
Jannik puts his arms on his shoulders and consoles him.
All class. ❤️
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) January 26, 2025