Синдикатот и работодавчите во клинч. Едните бараат минималната плата да се покачи на 450 евра другите велат дека сега не е дојдено времето за ново зголемување. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е отворен за дијалог но предупреди дека претходното раководство го уништило буџетот на државата.

Работодавчите цврсто стојат на нивниот став дека нема простор за ново зголемување и бараат да се почитува законот, а минималецот да расте според трошоците за живот и просечната плата.

„Сметам дека секое покачување на минимална плата надвор од овие предизвици предизвикува еден вид урамноловка помеѓу неколку категории работници и дестимулација на добрите работници“, изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи на Македонија.

Прашањето за минималецот ќе се разгледува на следниот Социо-економскиот совет.

Вредноста на минималната синдикална кошничка надмина 1.000 евра, велат синдикатите. Најмногу пари се трошат за храна и пијалаци, односно над 22.000 денари, пари што граѓаните се помалку ги имаат.