Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ),  во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Организацијата на Обединети нации (ФАО), од 25 до 27 март, ќе спроведе симулациска вежба за болеста чума кај мали преживари. Целта на вежбата е да се утврдат добрите и слабите страни на одговор при евентуална  појава на болеста, која е предмет на планови за итни мерки на АХВ.

На вежбата ќе присуствуваат претставници од АХВ, од Ветеринарната комора на РСМ, од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија како и претставници од  Сојузот на здруженија на одгледувачи на овци „Модерен овчар”.

Првиот дел од симулациската вежба (теоретско-практичен) ќе се спроведе на 25 и и на 27 март на Факултетот за земјоделски науки и храна, додека вториот дел (теренски) ќе се реализира на 26 март, во село Брњарци, општина Гази Баба. По спроведување на вежбата ќе се направи евалуација на подготвеноста на Агенцијата за храна и ветеринарство за одговор при појава на болеста, а ќе се реализираат активности за подобра подготвеност на институциите и засегнатите страни при појава на особено опасни заразни болести како што е болеста чума кај мали преживари.

АХВ ја известува јавноста дека активностите кои ќе бидат преземени се исклучиво во рамки на предвидените за реализација на симулациската вежба, односно не станува збор за реална ситуација и појава на жариште на болеста чума кај малите преживари.

ИЗДВОЕНИ