Како што беше најавено во 2023 година, поранешната најдобра тенисерка на светот, Симона Халеп, беше суспендирана на четири години поради позитивен резултат на допинг-тест.
Станува збор за лек против анемија, кој го зголемува ендогеното производство на еритропоетин и го стимулира производството на хемоглобин и на црвени крвни зрнца. Велат дека ги зголемува силата и издржливоста.
Полската тенисерка Ига Швионтек беше позитивна на забранетата супстанција триметазидин (ТМЗ) и ова е исто сценарио како она со Симона Халеп во 2023 година. Таа беше привремено суспендирана на 12 септември, до 4 октомври, и потоа жалбата ѝ беше прифатена. По сето ова, се огласи и романската тенисерка.
- Седам овде и се обидувам да разберам, иако е невозможно тоа. Се прашувам зошто има толку голема разлика меѓу судењето и третманот. Не можам да најдам и мислам дека нема логичен одговор. Може само да биде лоша волја на ИТИА (Меѓународна тениска агенција за интегритет), организација што направи сè за да ме уништи, и покрај доказите – напиша Халеп.
Романската тенисерка потоа испрати силна емотивна порака.
- Сакав да ги уништам последните години од мојата кариера, сакав нешто што не можев ни да сонувам дека ќе го посакам. Отсекогаш верував во добро, во правда, добрина. Беше болно, и понатаму е болна неправдата што беше направена врз мене. Како е можно за ист случај ИТИА да има целосно поинаков пристап. Како да го прифатам сето ова?, праша Романката, па додаде:
- Загубив две години од мојата кариера, имав толку многу непроспиени ноќи, вознемиреност, неодговорени прашања… Ја избрав правдата. Тоа беше само контаминација, и биолошкиот пасош е одличен изум. Добив нешто друго, мојата душа е чиста! Разочарана сум, лута, фрустрирана, но и понатаму нема зло во мене. Благодарна сум за поддршката и за безусловната љубов што ги добивам секој ден. Благодарам! Добив и љубов, бидејќи во тие моменти тоа го направија само оние што ме познаваат, и тоа е најголемата победа. Како што знаеме сите – сонцето наутро сјае за сите, но добро е кога се будиш со чиста душа. Така и се чувствувам, среќна сум и горда на тоа што сум – заврши Романката, која има македонски корени.