Легендарниот Швајцарец Симон Аман во јуни годинава го слави својот 44-ти роденден, но нема намера да се повлече од натпреварите  во скијачки скокови.

Аман ќе го гледаме во Светскиот куп барем уште една сезона, а има и јасна цел.

Швајцарецот сака да стане вториот спортист во историјата кој ќе се натпреварува на осум Зимски олимписки игри по Нориаки Касаи.

Следната 2026 година се Зимските олимписки игри во Кортина и Милано и тоа е главната цел на Аман.

  • Олимпијадата е мојата голема цел, изјави Аман за швајцарските медиуми, додавајќи:
  • Немаше да вложам толку многу напор и тренинзи минатата сезона ако помислив да се откажам токму така, одиме понатаму.

Иако е далеку од добра форма, Аман секогаш ги има симпатиите на љубителите на ски-скоковите. Нема сомнеж дека така ќе биде и на Зимските олимписки игри во февруари 2026 година.

Во Ванкувер, Канада, тој освои два златни медали во 2010 година, со што стана првиот ски-скокач во историјата кој ги освоил двете поединечни дисциплини на два олимписки настани, на Игрите во 2002 и 2010 година. Ретко кој ќе го повтори овој резултат во блиска иднина кога е во прашање овој атрактивен спорт.

Симон Аман го имаше своето деби на Зимските олимписки игри во Нагано уште во 1998 година и оттогаш не пропуштил ниту една Олимпијада.

Настапуваше на Зимските олимписки игри во 1998, 2002, 2006, 2010, 2014, 2018, 2022 година и сега го очекуваме во 2026 година.

Иако по Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година најави дека се пензионира, многу брзо се предомисли.

ИЗДВОЕНИ