„Сименс“ се огласи по загинувањето на извршниот директор и неговото семејство

3341

Германската компанија „Сименс“ потврди дека Агустин Ескобар, глобалниот извршен директор на компанијата за железничка инфраструктура, загинал со семејството во хеликоптерска несреќа во Њујорк.

„Длабоко сме погодени од трагичната хеликоптерска несреќа која ги однесе животите на Агустин Ескобар и неговото семејство. Упатуваме најдлабоко сочувство до неговите роднини“, објави Сименс.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс претходно објави дека шест лица загинале кога туристички хеликоптер се урнал во реката Хадсон.

Се урна хеликоптер во реката Хадсон во Њујрок: Загинаа директор на Сименс, неговата сопруга и трите деца/ФОТО/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ