Симбол на новогодишните празници: Еве зошто на вратата закачуваме венец – традиција стара векови

4171

Дури и во античко време, луѓето биле многу штедливи, па затоа користеле вишок борови гранки за правење венци – за да не ги фрлаат.

Полека почнуваме да размислуваме за празнични украси, а една од првите работи на кои помислуваме е секако венецот.

Без разлика дали ќе го ставиме украсено на влезната врата или украсено со свеќи на свечено поставена маса, тешко е да се замисли празнична декорација без венец.

Дали некогаш сте се запрашале – зошто венец? Зошто тој е своевиден симбол на новогодишните и божиќните празници?

Традицијата на новогодишниот венец

Обичајот да се внесуваат зелени гранчиња во куќата за време на празниците датира од 16 век. За да можат големите новогодишни елки да се вклопат во мали соби, им се сечеле големите гранки, а бидејќи ништо не се фрлало, од овие гранки се правеле венци, бидејќи ова е најлесниот облик кој може да се добие од флексибилна гранка од дрво. Тој облик освен што изгледа убаво, освен на елката можеше да се закачи и на други места.

Кружниот облик имаше и моќна симболика – победниците на спортските натпревари се украсуваа со венци од маслинки, ловор и борови.

Денес, празничниот круг како најсовршена форма го симболизира божественото совршенство.

Денес, можете да најдете широк спектар на венци на продажба, но има и многу начини да ги направите сами.