Американскиот актер и режисер Силвестер Сталоне по неговата победа на американските избори минатата недела го нарече Доналд Трамп „уште еден Џорџ Вашингтон“ и го спореди со Роки Балбоа.
„Ние сме во присуство на една навистина митска фигура. Ја сакам митологијата. А, овој поединец не постои на оваа планета. Никој во светот не можеше да го направи тоа што го направи, па затоа сум воодушевен. Кога Џорџ Вашингтон ја бранеше својата земја, тој немаше поим дека ќе го промени светот. Затоа што без него можете да замислите како ќе изгледаше светот. Добивме уште еден Џорџ Вашингтон“, рече Сталоне на настанот во Палм Бич, на кој присуствуваше и идниот претседател на Америка. Сталоне го евоцира воведниот кадар на првиот филм за Роки, кој се протега од слика на Исус до Роки кој удрен, велејќи:
„Во тој момент, тој беше избраната личност и така го започнав патувањето – нешто ќе се случи, овој човек ќе помине низ метаморфоза и ќе ги промени животите, исто како претседателот Трамп“, рече Сталоне.
Sylvester Stallone (@theslystallone) introduces President-elect Trump at the @A1Policy Gala. pic.twitter.com/mZQNXrSxm8
— CSPAN (@cspan) November 15, 2024