„Силвер фокс“ со сини очи: Неверојатна трансформација на Џони Деп/ВИДЕО

667

Актерот целосно го промени имиџот и го доби прекарот „силвер фокс“ (сребрена лисица), сѐ во прилог на улогата во новиот филм.

Џони Деп на големо се врати во центарот на вниманието, откривајќи драматична трансформација за неговата улога во претстојниот трилер „Day Drinker“. 61-годишниот Деп, најпознат по своите иконски улоги во „Пиратите од Карибите“ и „Едвард Рака ножици“, е речиси непрепознатлив во својот нов проект.

Трансформацијата е неверојатна, и додека деталите за новиот проект сè уште се под обвивка, познато е дека трилерот, во режија на Марк Веб, го прикажува Деп како „мистериозен“ гостин на приватна јахта кој создава неочекувана врска со тажна шанкерка, која ја игра Медлин Клајн, а во која глуми и Пенелопе Круз.

Отфрлајќи ги темните прамени и брадата, актерот претрпе голема трансформација во претстојниот филм и изгледа како старец. Исто така, неговото лице изгледа пополно, а носи и продорен сини леќи. Наместо необичните очила и капа по кои е препознатлив, Џони носи темносин костум и делумно откопчана кошула, а очигледно е дека шминкерите имаа многу работа да го трансформираат за улогата.

ИЗДВОЕНИ