Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека го сторило кривичното дело силување дете кое не наполнило 15 години, од член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот жител на Радовишко, на 22 јануари, имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирал преку социјална мрежа.
Бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор. Основниот суд во Гевгелија го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.