На плоштад Македонија во центарот на Скопје во моментов се одржува масовен граѓански собир, илјадници граѓани дојдоа да им оддадат почит на жртвите во трагедијата во Кочани.
Насобраните граѓани го исполнуваат просторот од Триумфалната капија, до споменикот на Александар Македонски и Камени мост и палат свеќи во спомен на трагично загинатите во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“.
На местото на настанот, единствено се слуша одекот на тишината пропратена со „ѕвезденото небо“ за трагично загубените животи.
.Во страшната несреќа загинаа 59 лица, додека пак над 150 се повредени.