Силна експлозија во рудник во Шпанија – најмалку двајца рудари настрадаа, тројца се повредени, а по четири лица се трага

22
Фото:принтскрин Х

Најмалку двајца рудари загинаа денеска во експлозија во рудник за јаглен во северниот шпански регион Астуријас, додека тројца се повредени, а по четворица се трага, соопшти регионалната влада, пренесува Хина.

„Со загриженост ја следиме несреќата во рудникот Зареу. Спасувачите, пожарникарите и полицијата пристигнаа на местото на настанот“, соопшти владата на Астурија на социјалната мрежа Х.

 

Еден тешко повреден рудар е пренесен со хеликоптер во болница, додека на двајца други им била укажана помош на местото на несреќата.

ИЗДВОЕНИ